свет

Во Газа одржан собир за поддршка на палестинските затвореници во израелските затвори

- Во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, е одржан собир за поддршка и солидарност за шесте Палестинци кои се фатени откако побегнале од израелскиот затвор „Гилбоа“

Nour Mahd Ali Abu Aisha, Hacer Başer  | 20.09.2021 - Обновена : 21.09.2021
Во Газа одржан собир за поддршка на палестинските затвореници во израелските затвори Фото: Архива / АА

ГАЗА

Во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, е одржан собир за поддршка и солидарност за шесте Палестинци кои се фатени откако побегнале од израелскиот затвор „Гилбоа“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Собраните на протестите одржани пред Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) држеа фотографии од шесте палестински затвореници. Собирот за поддршка се одржа на покана на движењето „Исламски џихад“.

Хидир Хабиб, водач на движењето „Исламски џихад“, во говорот на митингот рече дека Израел продолжува да ги угнетува палестинските затвореници.

„Оваа тишина на светот го охрабрува нашиот непријател Израел да ги интензивира кршењата на правата на затворениците и палестинскиот народ“, рече Хабиб.

Тој истакна дека палестинските затвореници се наоѓаат во екстремно тешки услови во израелските затвори и дека биле изложени на практики како што се медицинско занемарување, забрана на посети и престој во самици.

Хабиб порача дека палестинскиот народ и движењето „Исламски џихад“ се цврсто со сите палестински затвореници.

Тој рече дека Израел е одговорен за животот на шестемина палестински затвореници заробени по бегството и ги повика меѓународните организации за човекови права да ги преземат неопходните чекори за ова прашање.

Шестмина палестински затвореници избегаа утрото на 6 септември од строго чуваниот затвор „Гилбоа“ во северен Израел со копање тунел.

Израелските сили фатија четворица на 10 и 11 септември, а преостанатите двајца палестински затвореници беа фатени на 19 септември.

Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори има околу 4.650 Палестинци, од кои 520 се „административни затвореници“, а околу 200 малолетници.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın