Burak Bir
12 Август 2024•Ажурирај: 13 Август 2024
ЛОНДОН (АА) - Околу 703 лица вчера го преминаа каналот Ла Манш со 11 мали чамци, што е највисока бројка откако Лабуристичката партија дојде на власт, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи објавени денес, јавува Анадолу.
Според бројките, откриени се вкупно 703 луѓе кои го преминале Ла Манш со 11 мали чамци, што е трета најголема бројка оваа година.
Податоците покажаа дека околу 1.172 мигранти во вкупно 20 мали чамци пристигнале во Велика Британија минатата недела.
Тоа е и највисоката бројка на дневна основа откако Лабуристичката партија победи на општите избори на 4 јули.
Најголемиот број мигранти во еден ден оваа година пристигнале на 18 јуни, кога 882 луѓе го преминаа каналот, додека 1 мај кога 711 мигранти преминале е втор со најголем број пристигнати мигранти.
Вчера, две лица беа пронајдени мртви откако чамец со мигранти се обидел да го премине Ла Манш тргнувајќи од близина на француското пристаниште Кале кон Велика Британија.
Над 18.300 мигранти пристигнаа во Велика Британија со мали чамци оваа година, додека речиси 30.000 луѓе дојдоа во Велика Британија на овој начин минатата година.