Mehmet Yılmaz
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - На реката Дунав во Будимпешта, главниот град на Унгарија, се случи бродска несреќа. Пронајдени се телата на 7 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Туристички брод кој превезувал 34 патници, главно Јужнокорејци, потона по судир со друг брод.
Портпаролот на унгарската служба за итни ситуации, Пал Гјорфи, соопшти дека во бродската несреќа што се случи во Будимпешта, на реката Дунав, животот го загубиле 7 лица.
Тој информираше дека во тек се операции на спасувачките екипи во реката Дунав долж границата на Унгарија со Србија.