Ömer Tuğrul Çam
13 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
БРИСЕЛ (АА) - Во Фламанскиот Регион на Белгија е даден предлог на локалните избори старосната граница за гласање да се спушти на 16 години, известува Анадолу.
За предлогот што до Регионалниот совет го достави Социјалистичката партија Напред се планира да се расправа на следните седници.
Со предлогот се предвидува лицата од 16 и повеќе години да не бидат обврзани да гласаат како полнолетните.
Се предвидува одлуката за овој предлог да биде донесена пред летото за да се спроведат подготовките за локалните избори што се закажани за октомври 2024 година.
Десничарската партија Н-ВА се противи на предлогот на социјалистите.
Старосната граница за гласање на изборите во Европскиот парламент во Белгија минатата година е спуштена на 16 години. Шеснаесетгодишните ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент во 2024 година.