свет

Во Авганистан почина еден американски војник

Не се дадени детали за идентитетот на војникот, како и за причината за неговата смрт

Sayed Khodaberdi Sadat  | 17.09.2019 - Обновена : 17.09.2019
Во Авганистан почина еден американски војник

КАБУЛ (АА) - Во Авганистан почина еден американски војник кој служел во рамките на Мисијата на НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од силите на НАТО во Авганистан, американскиот војник починал додека бил на должност.

Во соопштението не се дадени детали за идентитетот на војникот, како и за причината за неговата смрт.

Американската администрација, која во Авганистан има 14.000 војници, на крајот на процесот за можен мировен договор со талибанците планира да ја намали оваа бројка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın