Ecenur Çolak
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
РИМ (AA) - Од организацијата „Save the Children“ во Италија соопштија дека минатата година над 15.000 непридржувани малолетници преку море преминале во Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на организацијата „Save the Children“ се наведува дека во 2017 година над 15.730 малолетници преку море преминале во Италија, без да бидат придружувани од член на семејството или пак друг придружник.
Според соопштението, оваа бројка во 2016 година изнесувала 25.840 деца.
Се истакнува дека во Италија сѐ уште се наоѓаат 360.000 деца кои чекаат да бидат прераспределени низ земјата, и дека иако 79 отсто од барањата се одобрени, тие сѐ уште не се прераспределени.
Во соопштението се вели дека според италијанскиот систем за прифаќање на бегалци, во моментот 18.500 малолетници од различни нации немаат придружник, и дека тие се наоѓаат во тешка состојба.