Hamdi Yılmaz,Mahmut Geldi
16 Февруари 2024•Ажурирај: 19 Февруари 2024
ИСТАНБУЛ (АА)
Владата во Газа објави дека израелското претворање на комплексот на болницата Насер во градот Хан Јунис во касарна е целосно воено злосторство, јавува Анадолу.
Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа се наведува дека болницата Насер, која се наоѓа во градот Хан Јунис на југот на Појасот Газа, е претворена во касарна под притисокот од Израел.
Во соопштението се наведува дека израелската армија директно им се заканувала на цивилите во болницата Насер со егзекуција и се нагласува дека израелските војници не само што ги оставиле луѓето во болницата гладни и жедни туку и им оневозможиле млеко на децата.
„Упадот на воените сили во болницата Насер и окупирањето со огнено оружје и отворањето оган однатре е воено злосторство што е срам за човештвото. Фактот дека окупаторската израелска армија со тенкови, беспилотни летала и тешко вооружени војници упадна во болницата Насер и отвори оган врз цивилите и здравствените работници што се засолниле внатре е воено злосторство што е целосно спротивно на меѓународното право“, се вели во соопштението.
Наведено е дека израелската армија многу грубо се однесувала кон луѓето во болницата Насер и дека ги спречила здравствените работници да лекуваат стотици пациенти и повредени во болницата.
Во соопштението се нагласува дека Израел и меѓународната заедница се одговорни за животите на стотици здравствени работници и пациенти во болницата Насер.