свет

Верижна сообраќајна несреќа во Јужноафриканската Република: 14 загинати

- Во Јужноафриканската Република се случи верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, од кои 13 жени

Gökhan Kavak  | 10.11.2020 - Обновена : 11.11.2020
Верижна сообраќајна несреќа во Јужноафриканската Република: 14 загинати

ИСТАНБУЛ

Во Јужноафриканската Република се случи верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, од кои 13 жени, известува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во локалните медиуми, во источниот дел на земјата, во подрачјето КваЗулу-Натал се случила верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два камиона и еден минибус.

Роберт Меккензи, здравствен работник во КваЗулу-Натал, информираше дека во несреќата животот го загубиле 14 лица.

„Сите загинати се патници што се наоѓале во минибусот. Животот го загубија 14 лица, од кои 13 се жени“, соопшти Меккензи.

Меккензи рече дека возачот на камионот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, избегал од местото на несреќата и додаде дека во тек е истрага во врска со несреќата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.