Sinan Doğan
14 Февруари 2020•Ажурирај: 16 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса, информираше дека неговата земја поднела тужба до Меѓународниот кривичен суд против Соединетите Американски Држави (САД) поради воведените санкции кон Венецуела и сторените злосторства против човештвото, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ареаса преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека денес до Меѓународниот кривичен суд е поднесена тужба против САД поради воведените економски санкции кон Венецуела.
За тужбата, што ја окарактеризира како ‘историски настан’, Ареаса вели: „Статистиката е важен податок што ги покажува ефектите на санкциите врз народот во Венецуела. Постои широкораспространет, масовен и систематски напад врз нашиот народ.“
Министерот Ареаса истакна дека главна жртва на санкциите се цивилите на Венецуела.