свет

Велика Британија повлекува дел од персоналот од Амбасадата во Киев поради зголемена закана од Русија

Одлуката на британската Влада следи по сличната одлука на САД

Ahmet Gürhan Kartal  | 24.01.2022 - Обновена : 25.01.2022
Велика Британија повлекува дел од персоналот од Амбасадата во Киев поради зголемена закана од Русија

ЛОНДОН (АА) - Велика Британија денес соопшти дека повлекува дел од персоналот од својата Амбасада во Украина „како одговор на зголемената закана од Русија“, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Одреден дел од вработените во Амбасадата се повлекуваат од Киев како резултат на зголемената закана од Русија“, се вели од Канцеларијата за надворешни работи, комонвелт и развој.

Се нагласува дека Амбасадата останува отворена и ќе продолжи со својата работа.

Одлуката следуваше по сличната одлука на Амбасадата на САД во Киев.

САД вчера официјално нареди членовите на семејствата на персоналот од нивната Амбасада во Киев, Украина, да ја напуштат земјата поради тековните тензии помеѓу Украина и Русија.

„На 23 јануари, 2022 година, Стејт Департмент им дозволи на вработените директно ангажирани во американската Амбасада во Киев доброволно да ја напуштат Украина и наложи заминување на членовите на нивните семејства поради континуираната закана од руска воена акција“, се вели во препораката.

„Државјаните на САД во Украина треба да размислат за заминување веднаш, користејќи комерцијални или други приватни достапни опции за превоз“, се додава.

Безбедносната ситуација околу „границите на Украина, во Крим окупиран од Русија и во источна Украина, под контрола од Русија, се непредвидливи и можат да се влошат“, се вели во соопштението, додавајќи дека има вести дека Русија планира воена акција против Украина.

Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година со потег кој никогаш не доби меѓународно признание и кој се смета за незаконски според меѓународното право.

Русија неодамна собра десетици илјади војници во близина на украинската источна граница, предизвикувајќи страв дека Кремљ планира нова воена офанзива.

Москва негира дека се подготвува за инвазија и рече дека нејзините војници се таму за вежби.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.