свет

Велика Британија остро го осуди израелското присвојување 800 хектари од окупираните палестински територии

- „Големината на областа одредена за запленување е најголема од Договорот од Осло, склучен пред повеќе од 30 години“, рече портпаролот на Форин офисот.

Burak Bir  | 27.03.2024 - Обновена : 27.03.2024
Велика Британија остро го осуди израелското присвојување 800 хектари од окупираните палестински територии

ЛОНДОН (АА) - Велика Британија денес им се придружи на другите европски земји во осудата на израелското заземање на 800 хектари земја во Јорданската Долина на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

„Големината на областа одредена за запленување е најголема од Договорот од Осло, склучен пред повеќе од 30 години“, рече портпаролот на Форин офисот.

Истакнувајќи дека 2024 година бележи „неприфатлив максимум“ во заплената на земјиштето, Велика Британија ја повика израелската Влада веднаш да запре со ова и со сите други запленувања.

„Нашата политика е јасна: (еврејските) населби се нелегални според меѓународното право и само го отежнуваат напредокот кон постигнувањето мир и безбедност за Израелците и Палестинците“, се нагласува во соопштението.

Израелската Влада присвоила 800 хектари земјиште во подрачјето на Јорданската Долина на окупираниот Западен Брег, тврдејќи дека е „државно земјиште“, објави претходно израелскиот државен телевизиски канал КАН.

Беше објавено дека запленетото земјиште можно е да се користи за изградба на нелегални еврејски населби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.