Gorana Jakovljevic
14 Март 2023•Ажурирај: 15 Март 2023
ЛОНДОН (АА) - Стотици луѓе се собраа вчера во Лондон за да ги поддржат мигрантите и да се спротивстават на законот за илегална миграција, јавува Анадолу.
Демонстрантите ја критикуваа најновата миграциска политика на Велика Британија, бидејќи имиграцијата повторно стана едно од најконтроверзните прашања во земјата.
Минатата недела, британската Влада претстави закон во обид да се справи со зголемениот број илегални премини со мали бродови преку Ла Манш.

Новиот закон би требало да обезбеди оние кои илегално доаѓаат во Велика Британија да не можат да останат или да бараат азил.
Предлог-законот беше критикуван од многумина, вклучително и од хуманитарните организации и опозицијата.
Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) изрази загриженост дека доколку биде усвоен, британскиот закон ќе донесе забрана за азил.
