Bilal Acar
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија на доживотен затвор ќе бидат осудени возачите што користеле телефон при предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си њуз“ („BBC News“), на почетокот на следната година, нацрт-законот кој вклучува изрекување на строги казни за возачите што предизвикале смрт поради користење телефон или брзо возење, ќе биде доставен до Парламентот.
Според нацрт-законот, возачите што ќе предизвикаат смрт поради употреба на телефон или брзо возење ќе бидат осудени на доживотен затвор.
Исто така и возачите што ќе предизвикаат смрт поради дејство на дрога ќе бидат осудени на доживотен затвор.
Според сегашните закони во земјата, оние што направиле вакви прекршоци се осудуваат на казна затвор до 14 години.
Нацрт-законот предвидува возачите што ќе предизвикаат сериозни повреди на други лица поради невнимание, исто така, да бидат осудени на затворска казна.
Бидејќи порано немаше таков член во законот, невнимателните возачи се казнуваат само парично.