свет

Велика Британија: Бројот на случаите на вирусот на мајмунски сипаници се искачи на 9

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) соопшти дека еден од новите случаи е откриен во главниот град Лондон, а другиот во југоисточниот дел на земјата, со што бројот на случаи се зголеми на 9

Zuhal Demirci  | 19.05.2022 - Обновена : 22.05.2022
Велика Британија: Бројот на случаите на вирусот на мајмунски сипаници се искачи на 9

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (АА) - Со откривање на уште 2 случаи на вирусот на мајмунски сипаници во Велика Британија, бројот на откриени случаи од 6 мај се зголеми на 9, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) соопшти дека еден од новите случаи е откриен во главниот град Лондон, а другиот во југоисточниот дел на земјата, со што бројот на случаи се зголеми на 9.

Според Агенцијата, неодамнешните откриени случаи на вирусот на мајмунски сипаници се претежно кај геј лица и бисексуалци и новите случаи не се поврзани со претходно потврдените случаи.

- Предупредување за вируси во Шпанија и Португалија -

Министерствата за здравство во Шпанија и Португалија, исто така се во состојба на готовност поради случаите на вирусот на мајмунски сипаници.

Соопштено е дека мајмунски сипаници, ретка болест предизвикана од ендемски вирус што се пренесува од мајмун на човек, во Централна и Западна Африка, е откриена кај 8 лица во Мадрид, главниот град на Шпанија и кај 5 лица во Лисабон, главниот град на Португалија.

Потврдено е дека вирусот првпат во Европа е регистриран кај едно лице во Англија на 7 мај, а потоа било констатирано дека овој вирус бил забележан кај 5 лица во Португалија на 17 мај, а 15 лица се земени под надзор поради сомневање дека се заразени.

Најчести симптоми на мајмунски сипаници се осип на кожата и плускавци, треска, болки во грбот и мускулите и отечени лимфни јазли.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.