свет

Бурата Киара ја погоди Велика Британија, отежнат железничкиот и поморскиот сообраќај

- Голем број летови во Велика Британија се откажани поради бурата Киара, а отежнат е и железничкиот и поморскиот сообраќај. Во одредени подрачја дојде до прекин во напојувањето со електрична енергија

Hasan Esen  | 09.02.2020 - Обновена : 10.02.2020
Бурата Киара ја погоди Велика Британија, отежнат железничкиот и поморскиот сообраќај

ЛОНДОН

Голем број летови во Велика Британија се откажани поради бурата Киара, а отежнат е и железничкиот и поморскиот сообраќај. Во одредени подрачја дојде до прекин во напојувањето со електрична енергија, јавува Агенција Анадолија (AA).

Бурата Киара, која достигна брзина до 150 километри на час, погоди поголем дел од Велика Британија.

„Бритиш ервејс“ (British Airways) ги откажа летовите од аеродромите „Хитроу“, „Гетвик“ и „Лондон сити“.

Воведено е и ограничување на брзината за возовите, а од жителите е побарано да не патуваат со железница доколку не е неопходно. Поради водата на шините, некои линии беа откажани.

Бурата го отежна и одвивањето на поморскиот сообраќај.

Во земјата се издадени над 250 предупредувања за поплави. Противпожарните тимови спасија возач чие возило останало под вода во Блекпул, во северозападниот дел на државата. Жителите беа евакуирани од неколку домови.

Неколку натпревари во Премиер лигата, меѓу кои и меѓу Манчестер Сити и Вест Хем, се одложени поради неповолните временски услови.

Во неколку регии издадено е предупредување за обилни врнежи.

Над 37.000 куќи останаа без напојување со електрична енергија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın