Mehmet Alaca
28 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Бројот на шумски пожари што избувнаа во земјите на Европската Унија (ЕУ) од почетокот на оваа година е речиси четирипати поголем од 15-годишниот просек за истиот период, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Си-ен-ен“ (CNN), а повикувајќи се на податоците на програмата за набљудување „Коперник“, од почетокот на годината до 23 јули, во земјите на ЕУ се случиле 1.926 шумски пожари.
Просечната бројка за истиот период, во која беа вклучени податоци од 2006 до 2021 година, изнесуваше 520.
Додека рекордниот топлотен бран во Европа продолжи, илјадници хектари земја станаа пепел поради шумските пожари во Шпанија, Италија, Португалија, Грција, Франција и Германија.
Германските власти соопштија дека пожарите се главно под контрола, а 480 пожарникари продолжуваат да се борат со пламените јазици во Бранденбург на североисток и Саксонија на исток.
Според податоците на Британската метеоролошка служба (Met Office), земјата која е надвор од ЕУ го доживеа најсушниот јули од 1911 година, со само 24 отсто од очекуваните просечни врнежи.