Бројот на убиени Палестинци во Газа изнесува над 56.500
Вкупниот број повредени во израелските напади достигна 133.642, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 56.531 Палестинец се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 28 тела, а 223 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 133.642.
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 6.203 луѓе, а повредени се 21.601 лице и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.