Safiye Karabacak
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на починатите од епидемијата на колера во Јемен се искачи на 532, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на канцеларијата на СЗО во Јемен, објавено на социјалните мрежи, од 27 април до денес се регистрирани над 65.300 сомнителни случаи во 253 региони во Јемен.
Во него се наведува дека бројот на починатите од оваа епидемија достигна до 532 лица.
СЗО на 29 мај соопшти дека бројот на починатите од колера во Јемен достигнал 473 лица.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите кои траат веќе 2 години, како резултат на немањето пристап до чиста вода, како и несобирањето на отпадот, секој ден се соочуваат со ризикот да заболат од колера.