Ahmed Asmar
18 Април 2024•Ажурирај: 19 Април 2024
АНКАРА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од октомври минатата година достигна 33.970 лица, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека бројот на повредени во нападите, кои влегоа во седми месец, е зголемен на најмалку 76.770 Палестинци.
„Најмалку 71 лице загинаа, а 106 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, нагласи Министерството.
„Многу луѓе сè уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачките тимови не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израел спроведува смртоносна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа речиси 1.200 лица.
Израел, исто така, воведе целосна блокада на палестинската енклава, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.
Според податоците на Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а над 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.