Burç Eruygur,Davit Kachkachishvili
16 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
КИЕВ (АА) – Бројот на загинати во рускиот ракетен напад во саботата врз станбена зграда во градот Дњепар, источна Украина, се искачи на 35, соопштија денес локалните власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операциите за пребарување и спасување во Дњепар траат речиси 40 часа. Синоќа, спасувачите извлекоа уште неколку мртви тела под урнатините на високата зграда уништена од руски проектил. Во нападот на непријателот загинаа 35 станари на зградата, меѓу нив две деца“, соопшти гувернерот на Днепропетровск, Валентин Резниченко, преку Телеграм.
Резниченко истакна дека 39 луѓе се спасени, додека 75 се повредени во ракетниот напад, од кои 14 деца.
Во саботата изутрина, руска ракета погоди станбена зграда во источниот украински град Дњепар.
„Денеска цел ден добивам извештаи од Дњепар“, изјави во саботата украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Се расчистуваат урнатините. Вклучени се сите потребни тимови“, рече Зеленски.
Истакнувајќи дека десетици луѓе се извлечени од под урнатините, меѓу кои и шест деца, украинскиот претседател истакна: „Операцијата за спасување ќе трае сè додека постои и најмала шанса да се спасат животи“.
Вчера Зеленски преку Телеграм рече дека најмалку 72 станови се уништени, а над 230 се оштетени.