Rania R.a. Abushamala
05 Март 2025•Ажурирај: 06 Март 2025
Палестинските лекари и спасувачките тимови извлекоа уште 30 тела од урнатините во Појасот Газа, со што вкупниот број убиени во геноцидната војна на Израел од 7 октомври 2023 година се зголеми на 48.440, известува Анадолу.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека во вкупниот биланс на убиени Палестинци се вклучени уште четворица убиени во израелските напади во изминатите 48 часа и смртта на еден ранет.
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Договорот за прекин на огнот и размена на заробеници во Газа е на сила од 19 јануари, со што е запрена израелската војна што предизвика опсежни уништувања и ја остави палестинската енклава во урнатини.
И покрај прекинот на огнот, локалните власти во Газа речиси секојдневно известуваат за прекршување на примирјето од страна на израелската војска.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.