İnci Gündağ
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, во врска со обидот за државен удар во Турција рече: „Многу сериозна ситуација, да не заборавиме дека се соочија со многу сериозен обид за државен удар“, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон, којшто претстојува во Брисел за да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, во својата изјава за медиумите пред состанокот изјави дека агендата на денешниот состанок се состои од темите за ситуацијата во Либан, Јемен, Турција, изборите во САД и темите поврзани со одбраната.
Зборувајќи за агендата на министрите од ЕУ во врска со Турција, Џонсон изрази дека земјата во одреден степен продолжува да претставува тема за загриженост и додаде: „Исклучително е важно да не се врши притисок кон Турција. Не треба да имаме претерана реакција за случувањата во Турција, како тие да се против нашите заеднички интереси. Многу сериозна ситуација, да не заборавиме дека се соочија со еден многу сериозен обид за државен удар“.
Во врска со резултатите од изборите во САД и случувањата во регионот, британскиот министер повика да се задржи позитивен став и истакне:
„Многу е важно да не бидеме со предрасуди кон личноста која се избра за претседател на САД или во однос на администрацијата. Поминаа само неколку дена од изборите. Мислам дека сите треба да чекаме да видиме што ќе се случува во иднина. Но верувам дека оваа ситуација треба да ја прифатиме како момент на можност. Како што кажав и порано, Доналд Трамп е творец на договори и јас верувам дека ова може да биде добро за Британија. Верувам дека може да биде добро и за Европа. Денеска треба да се фокусираме на ова“.