Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Британската премиерка Тереза Мај ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за привремена забрана за влез на државјаните на седум муслимански земји во САД и најави дека ќе реагира доколку одлуката влијае на граѓаните на Велика Британија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од нејзината канцеларија е соопштено дека Меј, која минатата недела ја посети Белата куќа, не се согласува со наредбата на Трамп.
„Имиграционата политика во САД е прашање што се однесува на владата на таа земја, како што имиграциската политика во нашата земја треба да ја постави нашата влада. Но ние не се согласуваме со ваквиот пристап и нема да го користиме тој пристап“, се вели во соопштението на нејзиниот портпарол.
Британската јавност ja критикуваше Mеј, бидејќи за време на официјалната посета на Турција одби да ja осуди одлуката на САД за неприфаќање на бегалците, велејќи дека САД се одговор за својата политика по тоа прашање.