Ata Ufuk Şeker
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Илјадници членови на неколку синдикати се собраа денес на протестите во Брисел во знак на протест против мерките за штедење на владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа во околината на ботаничката градина во центарот, а во текот на денот ќе организираат и марш до железничката станица „Миди“, во должина од четири километри.
Поради протестите се преземени опсежни безбедносни мерки. Полициските екипи се распоредени долж рутата по која ќе биде одржан маршот.
Поради протестот, отежнат е и сообраќајот. Забележани се доцнења на метроата, автобусите и трамваите. Полицијата ги советуваше граѓаните да не доаѓаат со автомобили во центарот на градот.
И претходно оваа година беа оддржани протести во овој белгиски град, поради новите мерки на Владата на десниот центар коишто предвидуваат поголема флексибилност кај работниците, подолг работен стаж и помали плати под потешки услови.
Наместо тоа, синдикатите бараат од Владата повеќе да се ангажира во борбата против даночното затајување.