свет

Бразил: Експлозија на генератор предизвика смртоносен пожар во болница

- Поголемиот дел од 11-те жртви починале од задушување од дим кој ги исполнил болничките одделенија

Ekipa  | 15.09.2019 - Обновена : 15.09.2019
Бразил: Експлозија на генератор предизвика смртоносен пожар во болница

РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Полициските експерти објавија дека во пожар во болница во Рио де Жанеиро, кој бил предизвикан од експлозија на генератор во подрумските простории на објектот, загинале 11 луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).

Првичните резултати на истрагата се објавени вчера, и покрај потешкотиите со кои се соочија полициските експерти при пристапот во подрумот на болницата „Бадим“, поради водата што ја исполнила просторијата и слабата видливост. Полицијата сѐ уште ја истражува причината поради која дошло до експлозија.

Пожарот започна во четвртокот навечер и се проширил низ болницата, што го натерало персоналот со колички да ги изведе пациентите на улица. Поголемиот дел од 11-те починати се стари лица. Жртвите главно умреле од задушување од дим кој ги исполнил болничките одделенија, а некои починале кога поради пожарот престанале да работат апаратите што ги одржувале во живот.

Болницата е оддалечена неколку минути пеш од стадионот „Маракана“, на кој се играа натпреварите од Светското фудбалско првенство во фудбал 2014 година и Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın