Ömer Koparan
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
АЛ БАБ (АА) - Во сириската област Ал Баб дојде до експлозија на бомба поставена во едно возило. Во овој терористички напад животот го загуби едно лице, а две се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во местото Ал Баб, кое во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ беше ослободено од теророт, експлодираше бомба поставена во возило во центарот на градот.
Според првичните информации, во терористичкиот напад животот го загубило едно лице, а две лица се ранети.
Ранетите се префрлени во локалните болници. Постои загриженост поради можноста за зголемување на бројката на починати и ранети.
Од силината на експлозијата оштетувања претрпеа возилата и објектите што се наоѓаат во околината.
Локалните безбедносни сили, кои го испитуваа местото на настанот, сметаат дека постои голема веројатност нападот да е изведен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.