Ahmed Asmar
01 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Болницата „Ал Авда“ во централниот дел на Појасот Газа денес прими тела на 14 Палестинци убиени во израелските воздушни напади во северните делови на бегалскиот камп Нусејрат, јавува Анадолу.
„Од раните утрински часови примивме 14 убиени Палестинци и 69 повредени, од кои 21 во тешка состојба, од израелските воздушни напади врз кампот Нусејрат“, соопшти болницата.
Очевидци за Анадолу изјавиија дека израелските воени авиони извршиле најмалку 10 воздушни напади врз кампот, кој е преполн со раселени Палестинци.
Израелските сили досега вкупно убија над 43.000 Палестинци во Газа од прекуграничната офанзива на Хамас на 7 октомври 2023 година.