Rabia İclal Turan
23 Октомври 2024•Ажурирај: 24 Октомври 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Антони Блинкен најостро го осуди терористичкиот напад врз комплексот на турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во главниот град Анкара, во кој животот го загубија 5 лица, а 22 се повредени, известува Анадолу.
„Соединетите Американски Држави стојат со нашиот сојузник Туркије и силно го осудуваат денешниот терористички напад. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напиша Блинкен на социјалната мрежа X.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека е многу веројатно терористичката група ПКК да е одговорна за нападот, додавајќи дека Туркије ќе сподели информации за нивниот идентитет откако тоа ќе се утврди.
Главното јавно обвинителство во Анкара спроведува истрага во врска со нападот.