Gözde Bayar
08 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 723, соопшти денеска Националната здравствена комисија на Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Надлежните истакнаа дека во последните 24 часа има 34.546 потврдени случаи на коронавирус, 86 лица починале, а откриени се над 3.000 нови случаи со вирусот.
Бројот на лица под медицински надзор се искачи на 185.555, додека бројот на оние за кои се смета дека се заразени, изнесува 27.657.
Бројот на откриени случаи со коронавирус надвор од континентална Кина достигна 26 во Хонгконг и 10 во Макао.
Се смета дека вирусот се пренел на луѓето од животни, особено од лилјаците.
Освен во Кина, вирусот се прошири во над 20 земји во светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Многу земји ги евакуираа своите граѓани од градот Вухан - епицентарот на вирусот - и од други погодени области во Кина, сместувајќи ги во изолирани медицински услови.
Светската здравствена организација (WHO) ја прогласи појавата на коронавирусот за меѓународна здравствена опасност.