свет

Берлин: За 3 месеци електричните тротинети учествувале во 74 несреќи

Од 74 несреќи, во 65 случаи виновници за несреќата се возачите на електрични тротинети

Ekip  | 17.09.2019 - Обновена : 18.09.2019
Берлин: За 3 месеци електричните тротинети учествувале во 74 несреќи

БЕРЛИН (АА) - Берлинската полиција соопшти дека за три месеци од кога во главниот град на Германија е дозволено користењето на електрични тротинети, забележани се 74 несреќи, 65 случаи на возење под влијание на алкохол и 233 сообраќајни прекршоци, пренесува Anadolu Agency (AA). 

Германската полиција соопшти дека при проверката на возачите на електрични тротинети во вечерните часови утврдиле дека тие „често се во алкохолизирана состојба“, и дека кон нив се постапува исто како и кон алкохолизиран возач на автомобил.

Во соопштението се наведува дека имало 16 потешки и 43 полесни повредени. Од 74 случаи во кои биле вмешани возачите на електричен тротинет, во 65 случаи воновници за несреќата се возачите на е-тротинети, а од нив 27 биле без учество на други учесници во сообраќајот. Во 19 случаи возачите на електрични тротинети биле на испитување бидејќи го напуштиле местото на несреќата.

Полицијата наведува дека главни причини за несреќите се невниманието на возачите, користењето на неовластени патеки и алкохол. Како сообраќајни прекршоци се набројуваат превоз на повеќе лица и користење на мобилен телефон во текот на возењето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.