Zuhal Demirci
20 Октомври 2022•Ажурирај: 21 Октомври 2022
ЛОНДОН (АА) – Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека на 29 септември руски авион лансирал проектил во близина на британски авион кој патролирал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инцидентот се случил на 29 септември, а министерот Валас во денешното обраќање во Парламентот рече дека проектилот бил лансиран од руски авион во близина на невооружен авион на Британското кралско воздухопловство (РАФ).
Истакнувајќи дека Британија привремено ги суспендирала патролите по инцидентот и ја пренела својата загриженост до рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, Валас рече дека Русија изјавила дека станувало збор за технички дефект.
Валас инцидентот го опиша како потенцијално опасен и додаде дека се чини дека тоа не е намерно дело и дека британските патроли над Црното Море продолжуваат.
Тој напомена дека Британија подоцна го продолжила патролирањето, но додаде дека на тоа не се гледа како на намерна ескалација.
„Нашата анализа е согласна со тоа дека инцидентот е предизвикан од техничка неисправност на рускиот авион“, рече Валас.