Ahmet Gürhan Kartal
01 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
ЛОНДОН (АА) - Стратегијата на британската Влада за Брегзит ќе биде објавена утре, изјави британската премиерка Тереза Меј во Парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј денес во британскиот Парламент соопшти дека во Белиот документ ќе биде вклучен пристапот на Владата кон статусот на граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија и на британските граѓани кои живеат во земјите-членки на ЕУ и дека од блокот од 28 членки ќе се бара тоа прашање да се реши на почетокот од преговорите за излез.
„Мојата намера и очекување е дека ќе бидеме во можност да понудиме сигурност за граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија, како и за граѓаните на Велика Британија кои живеат во земјите-членки на ЕУ“, рече таа.
Белиот документ што ќе биде објавен утре ќе се однесува на ова прашање.