Şerife Çetin
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
БРИСЕЛ (АА) - По неколку интервенции на полицијата во Брисел, Белгија, намален е бројот на мигрантите кои престојуваат во парковите и на метро станиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Белгиската хуманитарна организација „Humain“ тврди дека во последните неколку дена, значително е намален бројот на бегалците во паркот „Максимилијан“ и на станицата „Гаре ду норд“ (Северна станица).
Полицијата оваа недела приведе 160 мигранти, во акциите спроведени во паркот и во околината на железничката станица.
„Мигрантите се загрижени поради зајакнатите полициски контроли во последните неколку дена. Полицијата приведува не само мигранти кои престојуваат во паркот и на железничката станица, туку и мигранти кои доаѓаат поради доручекот што го делат хуманитарните организации. Оваа постапка е нечовечна“, сметаат официјалните лица на споменатата организација.
Од канцеларијата на министерот за внатрешни работи на Белгија, Јан Џамбон, соопштено е дека полициските контроли и понатаму траат и оти сѐ уште се внимателни.
Не е познато каде заминаа мигрантите кои поради полициските контроли ги напуштија паркот и станицата.
Мигрантите, од кои поголемиот дел доаѓаат од Еритреја и од Судан, се обидуваат да преминат во Велика Британија.