Dildar Baykan Atalay
07 Јули 2022•Ажурирај: 09 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа потврди дека директорката за комуникации, Кејт Бедингфилд, ќе ја напушти функцијата на крајот на овој месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Откако американските медиуми објавија вест за заминувањето на Бедингфилд, со писмено соопштение се огласи и Белата куќа.
„Бедингфилд, долгогодишен доверлив помошник на претседателот Џо Бајден и висок стратег и во неговата изборна кампања и во администрацијата, ќе ја напушти Белата куќа на крајот на јули за да одвои повеќе време за својот сопруг и малите деца“, се вели во соопштението од Белата куќа.
Од друга страна, шефот на Кабинетот на Белата куќа, Роналд Клејн, изјави дека Бедингфилд дала значаен придонес во текот на 18-месечната функција.
„Доналд Трамп сѐ уште ќе беше во Белата куќа да не беше упорноста и талентот на почитуваната Бедингфилд“, истакна Клејн.
Бедингфилд беше еден од блиските советници на Бајден и одигра важна улога во изборната кампања во 2020 година. Таа стана директорка за комуникации на Белата куќа откако Бајден стапи на функцијата претседател во јануари 2021 година.
Вреди да се забележи дека веста за заминувањето на Бедингфилд дојде во време кога демократите влегоа во тежок процес на избори за Конгресот што ќе се одржат во ноември 2022 година.