Şerife Çetin
26 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
БРИСЕЛ (AA) - Во Брисел, главниот град на Белгија, којшто е зафатен од сибирски студ, една општина издаде налог за апсење на бездомниците што нема да одат во засолништа, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Етербек, Винсент де Волф, објасни дека бездомниците што не одат во засолништата во градот, каде што температурата е -10 степени, ќе бидат уапсени поради опасност од замрзнување.
„Во овој временски период, бездомниците на улиците може да добијат хипотермија, па дури и да умрат од студ“, рече Де Волф, кој истакна дека одлуката е донесена за да ги заштити бездомниците.
Општина Етербек информира дека одлуката ќе важи до 8 март, ако времето не се промени. „Гувернерот е законски должен да обезбеди сигурност на сите што имаат потреба“, беше изјавено од општината.
- Прогласен портокалов аларм -
Од друга страна, Белгискиот метеоролошки институт прогласи портокалов аларм поради екстремниот студ со кој е зафатена целата земја.
Институтот ги предупреди луѓето дека „арктичкиот бран“ што доаѓа од север ќе предизвика екстремно намалување на температурата, која може да падне и до - 10 степени, особено во текот на ноќта и во утринските часови, поради ветровите од исток и север.