Betül Yürük
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Кандидатот на демократите за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, предупреди дека Русија и другите земји ќе ја платат цената ако интервенираат на изборите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот потпретседател Бајден во писмената изјава нагласи: „Ги предупредувам Кремљ и другите странски влади, доколку бидам избран за претседател, во текот на моето претседателство ќе платат солидна и долгорочна цена тие што ќе интервенираат на изборите во САД.“
Наведувајќи дека странската интервенција на американските избори ќе ја смета за непријателска акција, Бајден рече: „Немам намера да ја зголемам тензијата со Русија или која било друга земја. Целата енергија за време на моето претседателство сакам да ја посветам за приближување на меѓународната заедница, за справување со Ковид-19, за економијата и други загрижувачки глобални проблеми.“
Победникот на изборите во земјата закажани за 3 ноември 2020 година, функцијата во Белата куќа ќе ја започне на 20 јануари 2021 година.