Murat Karadağ
04 Април 2023•Ажурирај: 05 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одлуката на групата земји ОПЕК+ за намалување на производството на нафта од мај нема да биде толку лоша како што првично се мислело, јавува Анадолу.
„Ова нема да биде толку лошо колку што мислите“, изјави Бајден за новинарите за време на посетата на Минесота.
Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека одлуката за намалување на производството на нафта е неконструктивна, истакнувајќи дека тоа не е позитивно за глобалниот раст.
Во текот на изминатиот викенд, главните производители на нафта од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, познати како ОПЕК+, најавија месечно намалување на производството за 1,65 милиони барели дневно до крајот на годината. Одлуката за намалување на производството на нафта ќе стапи во сила во мај.
На состанокот одржан на 5 октомври 2022 година, земјите од ОПЕК +, исто така, го намалија дневното производство на нафта за два милиона барели од ноември 2022 година.