свет

Бајден на инаугурацијата: „Ова е наш историски час и мораме да бидеме обединети"

Новиот претседател на САД Џо Бајден во инаугурацискиот говор ја истакна неопходноста на единство на нацијата за кое рече дека е единствен начин САД да ги надминат актуелните предизвици и потешкотии

Dildar Baykan, Betül Yürük  | 20.01.2021 - Обновена : 21.01.2021
Бајден на инаугурацијата: „Ова е наш историски час и мораме да бидеме обединети"

ВАШИНГТОН

Новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден во инаугурацискиот говор истакна дека ова е ден на Америка и ден на демократијата и повика на единство на нацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Америка покажа дека дорасна на предизвикот. Денес се слави победа на демократијата. Волјата на народот е исполнета. Научивме дека демократијата е кревка, а денес опстана", рече Бајден кој денес ја положи заклетвата и стана 46. претседател на САД.

Бајден во првото обраќање често ја нагласуваше неопходноста на единството на нацијата за која рече дека е единствен начин САД да ги надминат актуелните предизвици и потешкотии.

„Ќе бидам претседател на сите Американци, ќе се борам за оние кои ме поддржуваа, како и за оние кои не ме поддржуваа", порача Бајден.

Бајден им се заблагодари на претходните претседатели на САД и порача дека САД во текот на векот многу напредуваа, но дека уште многу работи треба да се направат и САД мораат да се опорават и оздрават.

„Сонот за правда веќе нема да биде одложуван. Порастот на политичкиот екстремизам, на белата супермација и домашниот тероризам е нешто со што мораме да се соочиме и што мораме да го поразиме", рече Бајден.

Бајден нагласи дека без единство нема мир и нација, туку само хаос.

„Ова е наш историски час и мораме да бидеме обединети. Да тргнеме од почеток, да се слушаме и почитуваме едни со други", рече Бајден.

Истакна и дека Америка прв пат избрала жена потпретседате.

„Немојте да ми кажете дека промената не е можна", рече Бајден.

Спомнувајќи ја пандемијата од Ковид-19, Бајден рече дека пред Америка можеби е најтемниот период на пандемијата и дека нацијата мора со единство да се бори против тој проблем.

Бајден исто така порача дека ќе поправи сојузничките односи и повторно ќе создаде блиски односи со светот.

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, положи свечена заклетва и стана 46. претседател во историјата на оваа земја.

На инаугурацијата во Конгресот во Вашингтон заклетва положи и Камала Харис која стана прва жена на функцијата потпретседател на САД.

Положување на заклетвите е одржано пред судијата на Врховниот Суд Џон Робертс.

По Џон Ф. Кенеди, Бајден е втор католик на чело на САД во историјата, а заклетва положи со раката на Библија која е во сопственост на неговото семејство од 1893 година и на која заклетви полагал на сите функции во текот на педесетгодишната политичка кариера.

Инаугурацијата се одржа со максимални безбедносни мерки во комплексот на американскиот Конгрес во Вашингтон.

На инаугурацијата присуствуваа ограничен број луѓе поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), а на церемонијата присуствуваат околу илјада поканети гости.

На инаугурацијата не присуствуваше американскиот претседател во заминување Доналд Трамп кој од Белата куќа денес отпатува во Флорида, а присуствуваше е потпретседателот во заминување Мајк Пенс, како и поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, како и бројни други личности.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın