Ekipa
03 Јуни 2022•Ажурирај: 05 Јуни 2022
ХЈУСТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден вчера го повика Конгресот да донесе построги закони за оружје по неодамнешното масовно пукање во Увалде, Тексас, каде што 18-годишен напаѓач легално купил и носел автоматска пушка која ја употреби да убие 19 ученици и двајца наставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Невините жртви се убиени во училници кои се претворија во место за убивање“, рече Бајден во говорот во обраќањето до нацијата. „Пиштолите се број еден убиец на деца во Соединетите Американски Држави.“
Тој го повика Конгресот да направи вистински промени во законите за оружје во земјата, вклучително и да воведе забрана за јуришно оружје.
„Ако не можеме да забраниме јуришно оружје, тогаш треба да ја зголемиме возраста за негово купување, од 18 на 21 година“, продолжи тој. „Не ми кажувајте дека зголемувањето на возраста нема да направи разлика. Доволно.“
Бајден се осврна на масовното пукање во Бафало, Њујорк, каде што друг 18-годишен напаѓач употребил јуришно оружје за да убие 10 луѓе во самопослуга. Тој, исто така, се осврна и на други смртоносни масовни пукања во САД во изминатите неколку децении, вклучително и во Средното училиште „Колумбајн“ во Колорадо, Основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат и во Средното училиште „Паркланд“ во Флорида.
„Има премногу други училишта, премногу други секојдневни места кои станаа полиња за убивање, бојни полиња овде во Америка“, рече тој. „Овој пат навистина мора да направиме нешто.“