Vesna Besiç
18 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Бабушките, традиционални руски дрвени кукли, со ликот на рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, можат да се најдат во многу продавници за сувенири во рускиот главен град Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопствениците на продавници за сувенири порачуваат дека бабушките со ликот на 45. новоизбран американски претседател се многу популарни кога се во прашање посетителите.
Матрјошка е другиот назив за бабушка, а станува збор за дрвена играчка којашто се состои од дрвени калапи во форма на кукла, кои се склопуваат, а секој од нив се состои од низа такви калапи ставени еден во друг, од најголемиот до најмалиот.
Матрјошка е поправилен израз, бидејќи фигурата претставува мајка, а не баба. Обично се вклопени по шест кукли.