Adham Kako,Bayram Altuğ
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АФРИН/АНКАРА/ЖЕНЕВА (АА) - За време на пребарувањата на Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска армија (ФСА) во засолништата на терористите на ПЈД/ПКК во Африн, откриени се пакетите за помош на Меѓународниот Црвен крст и сириската Црвена полумесечина, лојална на режимот на Башар ал Асад јавува Anadolu Agency (AA).
ТСК и ФСА ги пребаруваа засолништата на терористите во местото Салканли, исчистено од терористите во рамките на операцијата Маслинова гранка која се спроведува против терористичката организација.
За време на пребарувањата пронајдени се пакети во кои се наоѓале храна и други потребни средства.
Во овие пакети се пронајдени заеднички брошури со лого на Меѓународниот Црвен крст и со лого на сириската Црвена полумесечина, лојална на режимот на Башар ал Асад.
На брошурите се испишани општи информативни податоци за Меѓународниот Црвен крст и сириската Црвена полумесечина, и пишува дека помошта е наменета за цивилите.
Исто така, на брошурата постојат информации дека е побарано од вооружените групи да не ги спречуваат во доставувањето на помошта до лицата кои од тоа имаат потреба.
Познато е дека режимот на Башар ал-Асад од почетокот на граѓанската војна, обезбедува логистичка поддршка за организацијата која е сместена во Африн.
Преку коридорот отворен од Алепо кон Африн, режимот помага терористите од различни подрачја да преминат во овој град.
- Изјава од Црвениот крст
На прашањето на АА за тоа како помошта на Црвениот крст влегла во засолништата на терористите во Африн, портпаролката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) во Женева, Иоланда Жакемет, рече дека минатата година во Африн се испратени пет конвои хуманитарна помош.
Таа нагласи дека доставиле помоши за околу 50.000 лица на 10.000 раселени семејства кои се наоѓаат во камповите во близина на Африн, и Тел Рифат (кој е под окупација на ПЈД/ПКК). Таа додаде дека последниот конвој со помош пред 2 месеци пристигнал во регионот.
„ICRC е независна и непристрасна организација. Апсолутно не дадовме хуманитарна поддршка за борците. Пакетите за хуманитарна помош им ги доставуваме на сириската Црвена полумесечина, а тие ги дистрибуираат“, рече портпаролката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Таа истакна дека помошта која ќе биде доставувана од сега, ќе ги биде следено дали им се доставува лично на лицата кои имаат потреба од помош.