свет

Арапин кој под присила бил вооружен од ЈПГ/ПКК, зборува за бегството од терористичката организација

- Абдулгани Али Халил ел-Хандак, Арап кој под присила бил вооружен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК и вметнат во нејзините редови, раскажува како успеал да избега од рацете на организацијата за време на операцијата „Извор на мирот“

Ömer Koparan  | 06.12.2019 - Обновена : 07.12.2019
Арапин кој под присила бил вооружен од ЈПГ/ПКК, зборува за бегството од терористичката организација

ТЕЛ АБЈАД 

- Омер КОПАРАН

Абдулгани Али Халил ел-Хандак, Арап кој под присила бил вооружен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија и вметнат во нејзините редови, раскажува како успеал да избега од рацете на организацијата за време на операцијата „Извор на мирот“.

Хандак на новинарот на АА му раскажа за неговото присилно вооружување и вметнување во редовите на терористичката организација, зборувајќи за ставот на терористичката организација кон Арапите и начинот на кој избегал од организацијата и ѝ се предал на Сириската национална војска (СНВ).

Младиот Арап, кој под присила бил вооружен од ЈПГ/ПКК, зборува за своето бегство од терористичката организација

Хандак (23) рече: „Бев принуден да ѝ се приклучам на организацијата. За да не ме фатат, цели две години се криев. Бев шофер на шлепер. Еден ден, во почетокот на 2019 година ме фатија во Каракозак. Оттаму ме испратија во камповите во западните рурални делови на Ајн ал Араб (Кобани)“.

Тој изјави дека во камповите на терористичката организација престојувал 13 дена, од каде што бил испратен во Хасеке.


- „Ни кажуваа дека ќе ни формираат држава, а ќе ја нападнат Турција“

Зборувајќи дека под присила бил држен во Хасеке, каде што бил подложен на воена обука, Хандак изјави: „За време на обуката, меѓу инструкторите од Сирија имаше и лица кои дошле од Кандил. Меѓу нив беа припадниците на организацијата со кодни имиња Бурус и Мурат. Нам ни зборуваа дека ‘ќе формираат држава, ќе ја нападнат Турција и сите ќе заминат, само тие ќе останеле’.“

„Најмногу фаќаа Арапи и под присила ги регрутираа. Арапите ги испраќаа на фронтот, а тие самите стоеа назад. Тие спроведуваа дискриминација над нас“, истакна Хандак.


- „Оставете го оружјето и вратете се назад, кон своите домови и работни места“

Хандак рече дека 10 дена пред започнувањето на операцијата „Извор на мирот“, со цел да избега од терористичката организација стапил во контакт со војниците на СНВ. „(Со ЈПГ/ПКК) Останав околу 9 месеци. Ако избегав (пред операцијата) ќе го отселеа моето семејство. Ќе ги фатеа и децата на мојот чичко. Затоа бев принуден да останам со нив целиот тој период“, рече Хандак.

Хандак рече дека по започнувањето на операцијата успеал да избега од организацијата благодарение на СНВ и преминал во подрачјето на Ајн Иса. „Им се обраќам на оние што се принудени да останат во редовите на терористичката организација. Оставете го оружјето и вратете се во своите домови, на своите работни места. Ова е братска препорака“, рече Хандак.

По бегството од редовите на организацијата, тој истакна дека продолжил со нормалниот живот и додаде: „Фала му на Бога, сега имам дуќан за облека. Си работам. Никој не те принудува“, истакна Хандак.

Абдурахман Мустафа, шефот на Привремената влада на Сирија, пред два дена во Рас ал Ајн изјави дека на сите оние што ќе ѝ се предадат на СНВ ќе им биде простено што под принуда морале да се приклучат во редовите на терористичката организација, а притоа не извршиле некое злосторство.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.