свет

Антивладините демонстранти ја запалија зградата на Парламентот во Непал

Непал претрпи драматични промени од вчера кога Владата ги забрани социјалните медиуми, предизвикувајќи насилни протести во кои загинаа најмалку 19 лица, а 346 се повредени

Berk Kutay Gökmen  | 09.09.2025 - Обновена : 10.09.2025
Антивладините демонстранти ја запалија зградата на Парламентот во Непал Фото: Sunil Pradhan/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Непалската армија, безбедносните агенции и цивилните власти повикаа на мирно решение додека демонстрантите упаднаа во Парламентот, запалија и вандализираа службени и канцеларии на политичари, јавува Анадолу.

Непал претрпи драматични промени од вчера кога Владата ги забрани социјалните медиуми, предизвикувајќи насилни протести во кои загинаа најмалку 19 лица, а 346 се повредени.

Демонстрантите денес ги запалија зградата на Парламентот и други владини објекти, вклучително и партиски објекти и резиденцијата на премиерот Шарма Оли откако тој поднесе оставка поради насилните протести, според „Сетопати“.

Додека демонстрантите ги напаѓаа домовите на министрите, непалската армија почна да ги евакуира со хеликоптери. Најмалку тројца министри поднесоа оставка пред оставката на Оли.

Високи владини претставници, вклучително и непалската армија, јавно повикаа на смиреност и упатија јавен апел во кој повикуваат на воздржаност. Официјалните претставници, исто така, изразија длабоко сочувство до семејствата на починатите и жалење до повредените.

„Со прифаќањето на оставката на премиерот К.П. Шарма Оли, искрено ги повикуваме сите граѓани да останат смирени и да избегнат натамошна штета по живот и имот“, се вели во апелот.

„Исто така, ги повикуваме сите засегнати страни да бараат брзо и мирно решение преку политички дијалог“, се додава во апелот.

Претседателот Рамчандра Паудел формално ја прифати оставката на премиерот Шарма Оли, која Оли ја објави претходно денес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.