Fatih Erel
27 Февруари 2019•Ажурирај: 28 Февруари 2019
АНТАРКТИК (АА) - Светски познатата турска нуркачка Шахика Ерџумен, изведе значајно нуркање во водите на Јужниот Океан околу Антарктикот, во чест на отворањето на привремената Турска истражувачка база на островот Хорсшу, јавува Anadolu Agency (АА).
Ерџумен е дел од 3. турска научна експедиција на Антарктикот, која постави ваков тип на база на ледениот континент.

Откако на почетокот на февруари стана првата жена од Турција која нурна во ледените води без резервоар со кислород, таа нурна повторно но сега во чест на отворањето на базата која беше формирана во понеделникот и ќе спроведува активности во наредните три години.
Деветкратната рекордерка во нуркање во водите со температура од под нула степени издржа еден час без специјализирана опрема за заштита од студ.

Нејзиното патешетвие е снимано за документарен филм.
Ерџумен го собори светскиот рекорд во слободно нуркање во 2016 година, во Каш, Анталија.

Претходно овој месец, вториот истражувачки тим на Турција, предводен од научникот Бурџу Озсој, отпатува на Антарктикот на 30-дневна експедиција.
Оваа екпедиција е продолжение на патувањето во 2016 година, кога првиот истражувачки тим на Турција, кој беше составен од лекари, ботаничари, геолози и океанографи од седум академски институции, отпатуваа на Антарктикот за да го проучуваат влијанието на климатските промени.

Антарктикот нема автохтони жители и не е управуван од ниту една земја. Познат како континент на мирот и науката, тој служел како зона за научно истражување од склучувањето на Антарктичкиот Договор во 1959 година.
Советот на раководители на Националната антарктичка програма беше формиран во 1988 година и вклучува 30 членови со над 100 научни бази во регионите на континетот со умерени климатски услови.
Поларниот истражувачки центар при истанбулскиот Технички универзитет е основан на Антарктикот во 2015 година, со цел да спроведе истражување и промовирање на позицијата на Турција во меѓународната научна заедница.