Dildar Baykan Atalay
24 Јуни 2022•Ажурирај: 25 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) го прифати Предлог-законот за регулирање на оружјето за кој се договорија двете партии и го достави на одобрување до Претставничкиот дом, јавува Агенција Анадолија (АА).
Предлог-законот за регулирање на оружјето, за кој се согласија републиканците и демократите во Сенатот, синоќа беше изгласан во Генералното собрание на Сенатот.
Беше усвоен со 65 гласа „за“ наспроти 33-те гласа „против“ на републикански сенатори.
Предлог-законот, поднесен на одобрување до Претставничкиот дом, вклучува зголемување на возраста за купување оружје од 18 на 21 година.
Од друга страна, во Предлог-законот е предвидено да се воведат одредени ограничувања за набавка на оружје за лица со претходна историја на семејно насилство.
Доколку Предлог-законот добие одобрение од Претставничкиот дом, ќе биде поднесен до американскиот претседател Џо Бајден, за да биде одобрен.