Ekipa
12 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ВОЗДУШНАТА БАЗА БАГРАМ (AA) - Американскиот секретар за одбрана, Еш Картер допатува во Авганистан каде што ќе се состане со авганистанските официјални лица и со американските команданти, како дел од ветувањето на НАТО-сојузниците да ги одржат воените трупи стабилни во борбата против талибанците, јавува Anadolu Agency (AA).
Картер денес ќе се состане со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со главниот извршен службеник Абдула Абдула, како и со главниот командант на американските сили во Авганистан.
Ова е втора посета на Картер на воена зона во период од неколку дена. Вчера, американскиот министер за одбрана престојуваше во ненајавена посета на Багдад, каде што најави дека САД во Ирак ќе испрати уште 560 војници, и дека со ирачките официјални лица ќе разговара за борбата против ДАЕШ за нивно протерување од Мосул, кој е под нивна окупација од јуни 2014 година.
Минатата недела американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе бидат задржани 8.400 војници во Авганистан, до крајот на неговиот мандат, до почетокот на 2017 година, нагласувајќи дека ситуацијата на теренот и понатаму е несигурна.