Gözde Bayar
16 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство поради експлозијата во рудникот во северна Туркије во која загинаа најмалку 41 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тажни сме поради трагичната загуба на животи во експлозијата во рудникот во Бартин“, напиша Блинкен на Твитер, и додаде: „Испраќаме најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите и желби за целосно оздравување на повредените.“
Најмалку 110 рудари работеа во окното на рудникот за јаглен во Амасра, во северната турска област Бартин, во петокот вечерта кога се случи експлозијата.
Турскиот министер за енергетика, Фатих Донмез, истакна дека првичните наоди укажуваат дека експлозијата била предизвикана од мешавина на рударски гасови, експлозивна мешавина од запаливи гасови во рудниците.