свет

Американскиот државен секретар Помпео во посета на Грција

Како реакција против посетата на Помпео, вечерва се очекува да се одржи протест во Солун

Tevfik Durul  | 28.09.2020 - Обновена : 29.09.2020
Американскиот државен секретар Помпео во посета на Грција

АТИНА (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари средба со неговиот грчки колега Никос Дендијас, јавува Агенција Анадолија (АА).

Помпео во рамки на неговата посета на Грција го посети грчкиот град Солун, каде што се сретна со шефот на грчката дипломатија, Дендијас.

Двајцата министри разговараа за различни теми од областа на одбраната, соработката во енергетиката и настаните во Источниот Медитеран.

Во рамки на посетата, се очекува да се потпише договор меѓу двете земји во областа на науката и технологијата.

Од друга страна, како реакција против посетата на Помпео, вечерва се очекува да се одржи протест во Солун.

По средбите во Солун, Помпео ќе се состане на вечера со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на островот Крит, додека утре ќе одржи заедничка прес-коференција со Мицотакис.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın