Şerife Çetin
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Американскиот државен секретар за одбрана, Марк Еспер, ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат издвојувањата за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во согласност со обврските на сојузниците во НАТО, и понатаму инсистираме да издвојуваат 2 отсто на својот бруто-домашен производ (БДП) за одбрана“, рече Еспер пред состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг му се заблагодари на Еспер за посетата, истакнувајќи дека ќе има можност да разговараат за важните прашања како што се ситуацијата во Авганистан и борбата против пандемијата на коронавирусот.
Еспер истакна дека се преземени важни чекори во областа на колективната одбрана на НАТО, напоменувајќи дека сепак е потребно дополнително да се зголемат напорите во таа насока.
Целта на членките на НАТО е издвојување на 2 отсто на БДП за потребите за одбрана.
Расправата за распределба на трошоците во рамките на НАТО се појави по доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп на власт. Тој дури се закани со излегување на САД од Пактот доколку не се зголеми издвојувањето на сојузниците за одбрана, а особено го обвинуваше Берлин дека премалку издвојува во одбранбени цели.