Şerife Çetin
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
БРИСЕЛ
Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинкен, изјави дека сака да ја продолжи соработката со Турција на полето на борбата против тероризмот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен на својот профил на Твитер напиша дека на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел одржал состанок со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Сакам продолжување на соработката на полето на борбата против тероризмот со Турција, која е наш сојузник во НАТО“, истакна Блинкен.
Напомена дека на состанокот изразил поддршка за консултативните преговори меѓу Турција и Грција и дека укажал на важноста на демократијата и човековите права.